Питбул вчера нападнал 26 годишно момче во Штип, јавува тв Ирис.
Александар Атанасовски отишол да се разлади во реката Брегалница во близина на Ново Село. Питбулот само му се нафрлил и му нанел сериозни повреди.
Го изгризал во пределот на главата рацете и дел од грбот, јавува Ирис. Животот на несреќното момче му го спасил сопственикот на кучето кој веднаш изреагирал и успеал да го отргне кучето.
Настанот ги вознемирил жителите на штипската населба Ново Село, бараат институциите да реагираат и да ги казнуваат сопствениците на кучиња кој ги шетаат надвор без заштитна маска.
Случајот бил пријавен и во полицијата.
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/4332-pitbul-napadna-26-godisno-momce