Во Скопје ќе се бира мис и мистер на градот


Освен мис на Македонија, мис на охридското езеро, струшка убавица, ромска убавица – сега и градот Скопје ќе си има свои мисс и мистер.

Интер модел естрада веќе врши кастинг на заинтересирани кандидати и според нив одзивот бил огромен. Многу млади скопјани до 23 годишна возраст се пријавиле да бидат дел од изборот. Кастинг се врши секој ден во дискотеката Хавана спроти гимназијата Јосип Броз Тито.

 

Инаку оваа агенција организира и како што велат спектакуларна ревија на отворено во старата скопска чаршија. Настанот е  утре со почеток во 21 часот, според најавите на организаторите огромен број млади модели ќе продефилираат меѓу граѓаните. Организатори се Интермодел , Еуротеам P&M и Скопски огласи.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1