Пит бул нападнал момче во Штип


Питбул вчера нападнал  26 годишно момче во Штип, јавува тв Ирис.

Александар Атанасовски отишол да се разлади во реката Брегалница во близина на Ново Село. Питбулот само му се нафрлил и му нанел сериозни повреди.

Го изгризал во пределот на главата рацете и дел од грбот, јавува Ирис. Животот на несреќното момче му го спасил сопственикот на кучето кој веднаш изреагирал и успеал да го отргне кучето.

Настанот ги вознемирил жителите на штипската населба Ново Село, бараат институциите да реагираат и да ги казнуваат сопствениците на кучиња кој ги шетаат надвор без заштитна маска.

Случајот бил пријавен и во полицијата.

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/4332-pitbul-napadna-26-godisno-momce

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1