Почина и братот – Втора жртва на пожарот во Струмица


Попладнево на повредите подлегна и 45-годишниот Пено Стојанов од село Рич, вработен во ЈП Македонски шуми, објавува струмичката ТВ Вис која се повикува на извори од Градската болница од Скопје.

Претходно, околу 13 часот почина неговиот брат, 50-годишниот  Блажо Стојков од село Рич исто вработен во ЈП Македонски Шуми.

Уште две лица се уште во критична состојба и се борат за живот. Стабилна е состојбата на 15-годишното момче кое деновиве ќе биде пренесено на Клиниката за пластична хирургија.

На четвртиот повреден, кој има 50 проценти изгореници по телото, успешно му е изведен операционен зафат, и истиот може полесно да дише откако лекарите успеале да му го отсртанат отокот кој се појавил на дишните патишта.

Во струмичката болница има уште 6 повредени кои се задржани на болничко лекување, додека двајца откако им се санирани повредите се пуштени на домашно лекување, изјави директорот на хирургија во струмичката болница, Тимо Данчев.

Според очевидци повредените биле опколени од оганот кој одеднаш поради силниот ветер се префрлил на другата страна од ридот. Повредените се обидувале да го прескокнат огнот и безбедно да застанат на другата страна. Но огнените јазици ги зафатиле последните кои се обидувале да пресконат.

Полицијата на информативен разговор повикала неколку луѓе, за кои се сомнева дека се виновни за пожарот.

,,Имаме сознанија дека причина за пожарот е човечки фактор во моментов на распит во СВР Струмица повикани се повеќе лица, во моментов имаме осомничени лица, но на крајот на денот ќе видиме колку ќе СВР Струмица да обезбеди докази. изјави началникот на СВР Струмица Марјан Наковски.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1