Почна Вевчанскиот Карневал – Еве кои се на тапет годинава за исмејување


Дефилето на маскираните групи од Горно и Долно маало од Вевчани, е стартот на карневалската забава, кога низ главната улица во Вевчани ќе продефилираат маски, инспирирани од разни случувања во општествено-политичкиот живот во земјата, но и пошироко, со што традиционално се пречекува Старата Нова година – Василица. vevcani1

Освен традиционалните Зет, Невеста и Глупавиот Август и годинава  во Вевчани преку маска дојде и Субрата Рој, баба Рада, Јужен поток „Г’ез пром“, а дел од дефилето беа маските кои ги оживеаја студентските протести, работењето на „Македонија пат“, актуелните случувања во Франција, странските инвестиции во Македонија и уште многу други настани.

Инаку главната музичка програма во рамки на карневалските празнувања започна вчеравечер со настап на македонскиот бенд „Суперхикс” и хрватскиот бенд „Прљаво казалиште”.За овогодинешниот карневал се очекуваат неколку десеттици илјади гости од земјава Србија и Бугарија.Светски познатата телевизиска куќа „BBC” ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација која ги отсликува старите традиции на Вевчанци. Годинава карневалот опфаќа повеќе настани, а манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските на 14 јануари.

Вевчанскиот карневал е меѓу најпознатите на Балканот кој се негува повеќе од 1400 години. Во деновите кога се слави доаѓањето на Старата нова година, Вевчани се претвора во голема отворена сцена, а настанот секоја година го посетуваат голем број гости од Македонија и од странство.Старата нова година – Василица ќе биде пречекана со голем огномет што ќе трае три до пет минути.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1