Од 15 октомври ќе се намалат цените на 346 лекови, од кои 139 се иновативни, а 207 генерички, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.
лековите кои ќе имаат пониска цена се од различни фармацевтски компании и за различни видови болести – крадиоваскуларни, респираторни, за лекување епилепсија, остеопороза, за хормони…
Кај некои лекови ќе има драстично намалување на цените, како „Клопидогрел“ за најтешко срцевоболни и со прележан инфаркт, кој од 1.500 се снижува на 996 денари.
Цената на „Аторвастатин“ за покачени масти се намалува за 70 отсто, за речиси 60 проценти ќе биде поевтин и лекот „Оланзапин“. Од 18 до 40 отсто ќе бидат намалени и цените на некои антибиотици (како „Цефтриаксон“, „Панцеф“…). поголем број цитостатици, пр. „Темодал“, кој ќе биде поевтин за 14 отсто.
Цените на иновативните лекови просечно ќе се намалат за 8,6 отсто, а генеричките за 15,2 отсто.
Споредено со прометотот од овие лекови во 2011, вкупната заштеда на годишно ниво се очекува да биде 3.800.000 евра (1.000.000 евра кај иновативните и 2.800.000 евра кај генеричките лекови).
Тодоров на прес-конференција потсети дека со намалувањето на цените на 1.290 лекови во фервуари, со новото поевтинување досега се опфатени вкупно 1.636 лекови. Следното намалување ќе биде во март 2013 година.