Поевтинува бензинот за 3 денари


Од ноќеска на полноќ се намалува цената на бензините за 3 денари, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 3 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари за литар.

Еуродизелот ќе се продава по 72 денари за литар, а цената на екстра лесното масло, која се намалува за еден денар, ќе изнесува 61 денар за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1