Маж по кого полицијата имала распишано потерница и го барала под дрво и под камен за сторено убиство, се пријавил на аудиција да глуми во филм – – и бил примен да толкува улога на полицаец .
Džonaton Stenberg на крајот на јуни побегнал од својот дом во Њу Саут Велс откако полицијата пронашла обезглавено тело. Телото било на неговиот сосед. 6 дена бил во бегство. За тоа време не седел со скрстени раце туку кога чул дека има аудиција за филм во Квинсленд отишол и се пријавил.
Аудицијата била за филмот “Mystery Road”, трилер во кој глуми Hjugo Viving.
,, ми делуваше како фино момче, дури и кафе ми донесе. Одлучни бевме да го примиме како статист, да глуми полицаец, изјавил Инграм
Но Stenberg се предомислил. Им пратил емаил во кој ги известува дека се преселил бидејќи нашол работа.
Дури тогаш филмаџиите виделе на вести дека истиот човек, екс војник се бара по потерница, и сватиле по фотографијата дека станува збор за истиот човек. Провериле во списите и биле запрепастени кога откриле дека тој дури и се пријавил под истото име и презиме како на потерницата. Им дал дури и број на телефон.
Полицијата успеала да го уапси на крајот на Јуни во градот Дарвин, северна Австралија. Префрлен е во Сиднеј каде ќе му се суди за убиство на соседот