Полицаец ја претепал колешката- љубовница и нејзиниот сопруг


Триесет и две годишниот полицаец З.В. од Крушевац прво ја претепал колешката со која бил, според зборовите на колегите, во љубовна врска, а потоа го претепал и нејзиниот сопруг.srbija belgrad policija

– Несреќниот сопруг не само што е изневерен туку доби и добар ќотек, па морал да побара лекарска помош и уверение за повредите заедно со сопругата, која ја тепал колегата љубовник, велат полициски извори за српски Курир.

Во Полициската управа во Крушевац инцидентот беше чуван во тајност, но вчера го потврдиле случајот.

– Според законот за јавен ред и мир, против полицаецот ќе биде покрената постапка поради сторениот прекршок. На одговорност ќе биде повикана и нашата службеничка, рекле од ПУ во Крушевац.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1