32 годишен полицаец од Скопје бил пронајден како лежи со прострелна рана во градите, утрово на улицата Сава Ковачевиќ во скопската населба Кисела Вода.
Бил пронајден утрово околу 5.30 часот, а го пронашле неговите родители. Крај него е пронајден неговиот службен пиштол и чаура од испукан куршум.
Веднаш бил пренесен во Ургентниот центар и е во животна опасност.
Според полицијата, станува збор за М.С. (32) направен е увид на местото во тек е расветлување на случајот дали се работи за обид за убиство, несреќен случај или обид за самоубиство.
Фото Мкд.мк