Полицаец убил инвалид, оти му се заканувал со пенкало (Видео)


Полицаец од Хјустон со огнено оружје убил човек во инвалидска количка, без една нога и една рака, бидејќи му се заканувал наводно со метален предмет, за кој излегло дека е само пенкало.

Портпаролот на полицијата, Џоди Силва рекла дека мажот полицаецот го „збутал во ќоше“ во својата количка и се обидувал да го избоде со пенкало.
Полицаецот, како што кажува Силба, тогаш не знаел што држи мажот в рака. Силва додала дека човекот во количката  се доближил „на еден чекор“ до полицаецот и не ја послушал наредбата да се смири.

-Во страв за својата безбедност на својот партнер, извадил оружје – додала Силва за агенцијата АП.
Името на убиениот засега не е објавено. Полицијата пред убиството е повикана во центарот во кој се сместени инвалидите, и пријавила дека еден од нив предизвикува немири.


Сопственикот на центарот, пред кого се случило убиството, Џон Гарсија, рекол за Хјустон кроникл, дека човекот бил ментално болен, а во куќата живеел последните 18 месеци.
Гарсија додал дека тој му рекол дека ја изгубил ногата над колената и целата една рака, кога бил удрен од воз.

Полицаецот што го убил, е Метју Џејкоб Марин, кој работи како полицаец веќе 5 години.

Како што покажува досието на хјустонската полиција, Марин во 2009 год. убил еден маж, кој, како што е наведено, го избол својот сосед и одбил да го фрли оружјето.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1