Припадник на мото полицијата што е официјална придружба на Мишел Обама, се наоѓа под истрага од безбедносните служби на САД бидејќи се заканувал дека ќе ја убие Првата дама на САД.
Како што објави Вашингтон Пост во своето онлајн издание во четвртокот, полицаецот, чие име сеуште останува енигма заради истрагата, во еден разговор со своите колеги признал и им го раскажал планот што го има за убиството. Тој дури им покажал слика од оружјето со кое ќе го извршел делото.
Во планот го спречил еден од колегите кој целиот разговор го изнел пред својот претпоставен офицер, кој случајот го предал на внатрешната контрола и безбедносните служби.
Во обраќањето до јавноста, потпаролката на вашингтонската полиција Гвендолин Крамп, изјави дека најверојатно се работи само за непримерни коментари кои се сватени во погрешен контекст и дека случајот се истражува.
Полицијата и Тајната служба го потврдија инцидентот, но соопштуваат дека Мишел Обама не била загрозена во ниту еден момент.
Неофицијални извори твдат дека во текот на минатиот викенд припадник на вашингтонската полиција бил повикан во Белата куќа и му било доделно признание за делата што ги извршил.
Во текот на 236 годишната историја на САД, САД имале 44 претседатели. Обид за убиство е извршен над 15 од нив. На четворица бил успешен.
Обид за убиство:
1. Andrew Jackson
2. Abraham Lincoln
3. Theodore Roosevelt
4. Herbert Hoover
5. Franklin D. Roosevelt
6. Harry S. Truman
7. John F. Kennedy
8. Richard Nixon
9. Gerald Ford
10. Jimmy Carter
11. Ronald Reagan
12. George H. W. Bush
13. Bill Clinton
14. George W. Bush
15. Barack Obama
Убиства:
1. Abraham Lincoln
2. James A. Garfield
3. William McKinley
4. John F. Kennedy
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_United_States_presidential_assassination_attempts_and_plots