Полицијата во New Orleansa издала наредба за апсење на американскиот глумец Cuba Gooding Jr. Брутално бутнал келнерка во еден бар во Француската четврт.
Девојката изјавила дека глумецот се изнервирал кога гости кои го препознале сакале да се фотографираат со него. Таа му пришла за да го смири, а тој ја бутнал силно. Еден нејзин колега тогаш викнал полиција, а глумецот бил замолен да го напушти локалот. На излегување повторно грубо ја турнал.
Cuba Gooding Jr. за улогата во филмот “Jerry Maguire” освои Оскар за најдобра споредна улога.