Последниот бакнеж пред затвор


Фотографот Mo Gelber бил пред судот во Менхетен на 16 август кога забележал како момче и девојка со лисици на рацете се спроведуваат во судот во придружба на полицајци. Во еден момент момчето се наведнало да ја бакне девојката, а фотографот успеал да го слика тоа. Фотографијата ја нарекол последниот бакнеж.

Сликата ја пријавил на конкурс на Project Imaginat10n која ја организирал Канон и режисерот Ron Howard. Од илјадници фотографии одбрани се 10 кои ќе се основа за снимање на краток филм. Меѓу нив и фотографијата ,, последен бакнеж,,

Но сите ликови на фотографиите морале лично да дадат дозвола. Фотографот имал проблем бидејќи незнаел кои се момчето и девојката. Сликата ја поставил на фејсбук и барал помош од сите за да ги идентификува. На крајот му се јавила девојката. Му кажала дека со момчето имале луда летна врска која била како на филм. Уапсени се додека цртале графити – таа чувала стража. Неа ја пуштиле на условна казна, а момчето е во затвор.

Девојката има 28 години и се вика Alexis Creque, момчето има 26 години. Фотографот има рок до утре девојката да потпише, но таа рекла дека нема да потпише се додека не и го пуштат момчето од затвор.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1