Постои сведок за шверцот со органи во Косово


Српското правосудство објави дека има сведок кој потврдил дека и тој бил вмешан во трговија со органи од српски граѓани за време на конфликтот во Косово, за што се обвинети косовски бунтовници, објави во неделата Франс прес .


Овој случај е дел од меѓународната истрага. „Постои еден човек кој е подготвен да сведочи за медицинската процедура која обично се правела во северниот дел на Албанија, а се однесува на трговијата со органи од киднапирани српски државјани за време на конфликтот 1998-1999 година меѓу косовските етнички бунтовници и српската војска“, изјавил српскиот главен тужител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.
Тој изјавил дека најмалку еднаш присуствувал на операција со отстранување на органи.

“Во детали ни опиша како го отстранувале срцевиот мускул на еден српски заложник во местото Куекс во северна Албанија.”, изјави Вукчевиќ.
Сведокот исто така обелоделнил на кој начим органот бил префрлен до аеродромот во Тирана, Албанија.
Во извештајот на швајцарскиот парламентарец Дик Maри усвоена од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа се споменува и трговијата со органи на српски заложници.

Tags: , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1