Руски студенти 23 часа полагале испит кај пијана професорка


Според пишувањете на медиумите во Русија, усмениот испит кај една професорка во централниот дел на земјата траел 23 часа.

Професорката за време на целиот испит на студентите не им дозволила ниту да го посетат тоалетот.
– Пред крајот на испитот сите седевме целосно исцрпени. Професорката ќе отидеше во другата просторија и ќе пиеше, а потоа се враќаше и продолжуваше со испитот, изјави еден од студентите за весникот „Московски Комсомолетс“.
Инцидентот се случил на Универзитетот во Казан.

Испитот почнал во десет часот утрината, а не бил завршен до девет часот следниот ден.
Поголем број студенти изјавиле дека професорката по физика Ландиш Зарипова „труела“ на алкохол. Меѓутоа, шефот на одделот за физика, Алберт Аганов, ги демантирал нивните наводи. Исто така, тој навел дека „долгите“ испити не се невообичаена појава.
– Ако видев дека е пијана, веднаш ќе ја отпуштев, рече Аганов, пренесуваат руските медиуми.

Share Button

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1