Голман од Бразил ја измасакрирал бремената љубовница


Голманот Бруно Фернандес де Соуза од бразилскиот клуб Фламинго, ќе заврши во затвор поради убиство на неговата бремена љубовница, бразилската манекенка Елиза Саммудио (25).

Во грозоморното убиство му помогнале челнови на неговото семејство, а откако ја убиле деловите од телото им ги дале на кучињата за да ги изедат.

Голманот ја земал манекенката од хотел во Рио де Жанеиро, а додека ја касапел била пуштена гласна музика. Обвинителот веќе објавил дека покрај Бруно Соуза во киднапирањето и убиството учествувале и неговата сопруга Дајан, неговиот братучед тинејџер, но и еден поранешен детектив.

На злосторството се одлучил за да го сочува својот углед бидејќи манекенката веќе почнала да ги информира новинарите дека тој е татко на бебето, но и да објавува фотографии од нејзиниот стомак. Обвинителството веќе има докази дека тој планирал да ја убие манекенката откако таа му рекла дека ќе побара лабораториска анализа дека тој е татко на бебето.

Tags: , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1