Пожар во Карпош 4 – мајка и ќерка повредени (ФОТО)


Во пожар што вечерва изби во стан на улицата Волгоградска бр. 2 во скопската населба Карпош 4 две жени, мајка и ќерка се повредени.

IMG10515Пожарот избил во еден од становите на третиот кат, при што возрасните жени се повредени. едната, постарата е во потешка состојба поради вдишување на чад.

Во гаснењето на пожарот учествуваат две противпожарни возила, а на самото место пристигна и полиција која изврши увид.

Причините за пожарот во станот во кој двете повозрасни жени живеле сами, не се познати, но најверојатно настанал поради дотраената електрична инсталација.

Foto – Lider

IMG10516-480x360

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1