Пожар во возот Штип- Свети Николе, патниците евакуирани, изгореа три тони нафта


Опожарена е локомотива на возот што сообраќал на железничката пруга Штип- Свети Николе во близина на фабриката на месната индустрија МИК Свети Николе.voz555

Според првичните информаци од Противпожарната единица од Свети Николе, патниците се евакуирани, а пожарот е локализиран. Изгорени се три тони нафта кои биле во цистерната на локомотивата.

Пожарникарите успеале да спречат да експлодира локомотивата.

Моментно пет пожарникари од светиниколската пожарникарска единица се на терен со две возила.

Пожарот избувнал околу 17:45 часот, а МЖ ги презела патниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1