Пожар во Злокуќани – Фото


Претпладнево пожар во наслебата Злокуќани во Скопје. Се опожарила сува трева на нива која е во непосредна близина на куќите во населбата.

Пожарот избувнал околу 13 часот и се проширил низ повеќе ниви на кои имало сува трева. Веднаш реагирала противпожарната бригада и пожарот е ставен под контрола. Нема опасност за куќите во близина.

Според информациите од противпожарната бригада за многу кусо време пожарот ќе биде и целосно изгаснат.

Командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски не информираше дека денеска имало пожари на неколку локации во Скопје. Во сите случаи се работело за опожарена сува трева и пожарите се локализирани.

Фото – MKnews.MK

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1