На плажата пред хотелот „Макотекс“ во Лагадин, тројца охриѓани крвнички тепале 29 годишно момче од Пештани.
На местото била и полиција, но не можеле никако да ја спречат тепачката. Како што јави Сител еден од полициските службеници испукал и три истрели во воздух, па насилниците дури тогаш се смириле. Четворицата се приведени и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.