Предупредување – Балканот го очекува големо невреме


Променливото време не престанува да го изненадува целото балканско подрачје, па така по неколку “пеколно” топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Телегрф.рс.

grom

Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно.
Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер.
Поради овие врнежи би можело да дојде до растење на водостојот, но сепак нема простор за паника – нивото на реките може да биде малку повисоко од вообичаеното, но нема да дојде до големи изливања.
Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, што не е невообичаено за овој период од годината.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1