Прилепчани ќе уживаат во „Рајска Градина“ од ретки и егзотични птици


„Рајска градина“ со неколку видови егзотични птици сместени во соодветни кафези денеска беше отворена во Паркот на револуцијата во Прилеп. Градоначалникот на Прилеп истакна дека идјата е оваа градина постојано да се надоградува и полека да прерасне во мала зоолошка градина каде децата ќе имаат можност да играат со мали пони коњи

Горан Илиоски, претседател на здружението за ретки птици „Трагопан”, објасни дека ова е всушност реализација на проект од „Ден на идеите” што го спроведува општината.

– Станува збор за 10 кафези со ретки и егзотични птици меѓу кои се албино пауни, дијамантски и златни фазани, јапонски кокошки, брама – кокошки, папагали, појасни Илиоски.

Локалните власти преку ЈКП „Комуналец“ ја преземаат грижата за „рајската градина”. Здружението со стручни лица ќе помага и да се одржува нивното здравје.

„Рајската градина“, освен атракција може да биде и место за едукација на учениците.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1