Пророштво на Маите – три месеци до крај на светот?


Останало уште точно три месеци до прочуениот 21 декември 2012 година – датата за катаклизма, на која завршува календарот на Маите, а кои по некои размислувања претставува крај на светот. Сепак, премногу наивно е да се верува дека апокалипсата ќе се случи за некои 90 дена.

 

Репутацијата што ја има Мајската мудрост направила многу луѓе сериозно да ги сфатат нивните текстови, а особено Мајското пророштво.

Нивната цивилизација го достигна својот врв во периодот од 300-900 год. имала посебен талент за астрономија.

Големиот календар на Маите почнал во 3.114 година пред новата ера, означувајќи го времето во циклуси од 394 год. кои се нарекуваат Бактуни. Бројот тринаесет бил значаен и свет број за Маите, па затоа тие запишале дека тринаесеттиот Бактун завршува на 21 декември, 2012 година.

Астрономите и астролозите сепак тврдат дека нема да има крај на светот. Според нивните зборови, календарот погрешно е претставен, па овој датум всушност го најавува крајот на еден и почеток на другио циклус на Земјата.

-Календарот на Маите има циклични периоди, како и секој друг и овој има денови, месеци и години. По обичниот календар после 21.12.2012, следува следниот ден 22 декември, т.е. наредниот ден во декември кој ќе биде обичен. По календарот на Маите кои поинаку ги пресметуваат деновите, тогаш се само влегува во поинаков циклуц, затоа тој ден е посебен. Тоа на некој начин по нашиот календар може да се спореди со 31 декември и 1 јануари, доаѓаат еден по друг, но се сметаат во различни години. Приказната дека нивниот календар прогнозира крај на светот, е само напумпана приказна и ништо повеќе – изјавил Јован Алексиќ, физичар и член на астрономската организација „Руџер Бошковиќ“.


Тој додава дека земјата сега најмногу е приближена до сонцето.

-Точно е дека сончевата активност сега и наредната година го достигнува својот максимум. Таа е активна и трае по 11 години, само осцилира од негативни до позитивни активности. Кога Сонцето е во максимум, тоа значи дека на него има многу експлозии, ерупција но тоа воопшто не може да ја погоди нашата планета. Може само малку да влијае на климата и тоа е се – истакнува тој.

И астрологот Владимир Влајиќ тврди дека нема причина за паника.

Според неговите зборови, крајот на годината може да биде драстичен, но не фатален. Тоа е период кога ѕвездата Регулус, една од четирите најважни ѕвезди, преминува во знак на Девица.

„Последен пат кога оваа ѕвезда влегла од знак на Лав во знак на Девица, се родил Исус Христос. Ние од 1981 год. по Маите влеговме во периодот на меѓуфаза, и нормално е дека сега се случуваат промени и катаклизми, но тоа не значи дека ќе биде крај на светот. Ние едноставно влегуваме во петтиот циклус на Земјата, кој трае илјадници години.“, рекол тој и додал дека ќе дојде до големи промени, но во поголемите земји.

Влајиќ истакнува дека овој регион, може да биде поштеден од промени, бидејќи во знак на Јарец може да се очекува дури и добар период за земјоделството и туризмот.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1