ПРОРОШТВО: Знаци што навестуваат крај на светот


Библијата ни дава многу примери за знаци, што не предупредуваат за доаѓањето на крај на светот. Шест такви знаци дал Исус, две карактеристики од страна на Павле, и 11 други појави од пророците, кои ќе се случат пред и по нашата ера.

Кога рекол дека нема да знаеме кога ќе дојде моментот за Крај на светот, Господ сакал да знаеме дека времето е се` поблизу до Крајот.

За жал, многу Христијани кажувале дека нема да се знае времето за Неговото доаѓање, што значи дека пропагирале да се игнорираат сите знаци во време на неволји.

Повеќе од јасно е дека времето на доаѓањето на нашиот Бог се наближува. Пророштвото се исполнува со секој поминат ден, и со побрзо темпо од било кога. Без разлика дали сте во некој занес дека се наоѓаме пред неволја, или верувате дека Христијаните ќе бидат сведоци на сите неволји, гнев, и конечните пресуди, не е важно, вели Бласт.

Ако црквата застрани пред времето на неволји, важно е да оставиме објаснување зад нас, за идните судења и пресудите за тие што остануваат.

Подолу има студија за пророчките знаци, што Бог ни ги дал како предупредување за приближувањето на Крај на светот. Многу од нив се веќе исполнети, но, остануваат и многу што треба да се исполнат во блиската иднина. Проучете ги пророштвата, дознајте што доаѓа и бидете подготвени да го споделите тоа со другите – вели Бласт.

Во Матеј 24:3 Исус е прашан: „Кажи ни, кога ќе се случат овие работи, и кој ќе биде знакот за твоето доаѓање, и Крај на светот?“ Исус им рече на своите апостоли да ги следат знаците што ќе се случат пред неговото второ доаѓање и Крај на светот.

Матеј 24:5 „Многумина ќе доаѓаат и ќе се претставуваат во мое име, велејќи `Јас сум Христос`, и ќе излаже многумина.“

Објаснување: Последниве неколку години многумина тврдеа дека се Месија. Џим Џонс и Дејвид Кореш се пример за ова лажно претставување во име на Христос, како и безброј други безвредни. Овие лажни пророци се лажни и сосема спротивно од Христијани, анти-христијани. Многу нови групи, што се дури невладини организации, работат за САД, нервозно чекаат такви лажливци, подготвувајќи го патот за нивно прифаќање, како врв од сите добрини и што ќе го внесат како таков што шири светски мир.

ВОЈНИ

Матеј 24:6 „И ќе слушате за војни и гласови за војни; Внимавајте да не се исплашите, зашто тоа треба да се случи, но тоа уште не е крајот.“

Објаснување: Гласови за војни се слушаат во сите области на светот, и ги имаме многу, благодарение на постојаната медиумска покриеност од 24 часа со вести.

ЗЕМЈОТРЕСИ

Матеј 24:7 „Ќе се крене народ против народ, царство против царство, а на многу места ќе има глад и земјотреси.“

Објаснување: Бројот и интензитетот на земјотреси овој век е за едно ниво повисок, за разлика од историјата. Запрепастувачки број на сеизмички настани се случуваат во целиот свет секојдневно. Земјотресниот сеизмички монитор ИРИС, ги покажува сите земјотреси од минатата година. Со жолти и црвени кругови ги покажува последните сеизмички настани од последните 15 дена, што е сериозен доказ за исполнување на Матеј 24:7. Спротивно од тоа, од 1890-1900 год. имаше само еден голем земјотрес во светот.

Џенифер Бласт

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1