Прв смртен случај од Западно-нилска треска во Македонија – почина жена


Почина жена од вирусот на западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Таа е првиот забележан случај на заболен од оваа болест во Македонија, објави Дневник. Meѓу заразените пациенти имало и едно дете.

Починатата жена го фатила вирусот од комарец што ја каснал. Ова заразно заболување се добива по убод од комарец, но не може да се пренесе од човек на човек.

Како што пренесува Дневник, имало тројца заразени  хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести од кои едното починало во текот на вчерашниот ден со дијагноза енцефалитис на возраст од 53 години.

Меѓу двајцата заразени има едно дете.

Станува збор за ризичен пациент кој претходно боледувал од дијабетес, хиптертензија и зголемена телесна тежина. жената била хоспитализирано од 11 септември. Второто лице е на возраст од 66 години со дијагноза менингоенцефалитис и во моментов е во добра општа состојба, во фаза на излекување. Третото лице е дете хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, родено 2005 година, со дијагноза менингитис и тоа е во добра општа состојба и во фаза на излекување.

За ова Институтот за јавно здравство го информирало Министерството за здравство.

Вирусот од овој тип досега одзеде пет животи во Србија и Хрватска.

Ова е прв смртен случај од ваков вирус во Македонија.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1