Првата жена докторка на Балканот била од Ресен


Под наслов „Ресен“ – монографија за овој убав град, со богата традиција, во авторство на ресенчанецот Блаже Котларовски.

Овој пензионер, некогаш економист во Министерство за труд и социјална политика, одделение Ресен,  целото свое слободно време му го посветува на ова дело. Ни објаснува како потекнала идејата :

– Јас имам две големи љубови- мојот роден град Ресен и фудбалот, односно  ФК Преспа – Ресен. Досега имам напишано три книги од областа на спортот и копајќи по материјалите дојдов до одредени сознанија за мојот Ресен. Книгата како првична идеја беше да ја објасни и опише познатата ресенска чаршија, кои биле луѓето и занаетите што ја сочинувале. Но, на крај победи идејата за целосно опфаќање на Ресен почнувајќи од неговата богата историја, со краток историски преглед на настаните, културата, стопанството..

.Со собирање материјали почнал во 1999 година,а активно и темелно на неа работи последниве пет години. Собира материјали од ресенчани и од  професорот по историја Дејан Петровиќ, ресенчанец исто, кој е рецензент на монографијата.

-Во книгата покрај рецензијата Петровиќ има вовед, краток историски преглед, појава на името , на Ресен,  демографско движење, население, стопанство, здравство, образование, спорт, култура, се сшто постои како област е опфатено и тоа со податоци за занаетчиите по име презиме, кондураџии, терзии, златари. Првите пишани документи за Ресен се од 1337 година, кога во една повелба на цар Душан се споменува Ресен како Роснер, тоа е најстаро име, а Турците го викале Ресне. Имало и повеќе имиња  Ресан, Аресан… Преспа ја споменуваат одамна. А околу настанувањето на името најверојатни верзии се овие две- Турците кога тргнале по данок ресенчани им велел- немаме, немаме и тие рекле- овие сите Реси- сиромашни. А според друга легенда во ресен растело цвеќе со некое слично име, росен најверојатно, и оттаму дошло и името.

Во книгата, која ќе излезе на 300 страници и во исто толку примероци, ќе има фотоматеријали од најстарото училиште, некогаш сместено во црквата Свети Ѓорѓија- Ресен, како и настарата фотографија која датира од 1896 година, а тогаш во Софија ја направиле тројца ресенчани- од фамилијата Тодорчевци, Кирјакоски и  Котларовски.


-Во Ресен отсекогаш имало образование. Дури и Евлија Челебија кога поминал во 1662 година спомнува дека имало и софте- нешто меѓу средно и факултет (духовно училиште за муслимански светеници, кои доаѓале дури од Анадолија , а има фамилии во Ресен кои останале уште од тогаш). А и пред тоа имало образование и на словенски и на турски јазик. Еве, оваа фотографија (ни ја покажува) е од ресенската гимназија, снимена во  1914 година.

Дури 85 фамилии дојдени своевремено од разни места, го нформирале Ресен. Неизбежен е и списокот со спомнати имиња кои се историски личности- Христо Татарчев- прв претсeдател на ВМРО, Симон Радев, Петар Стрезовски, единствениот доктор по пчеларство Павел Шлахов, професорот Кирил Христовски Музичарот и многу други музичари, борци, уметници, актери, новинари.

-Уметноста живеела во овој град. Во 1929 година во Ресен е изведена  опера на македонски јазик. Големи личности се родиле тука. Ресен досега има дадено најмногу универзитетски професори, само 18 се од Ресена, а од Преспа преку 50 дури. Првиот ректор по војната Кирил Миљовски, е ресенчанец.Сега има и ресенски професор во  Барцелона. Многу генерали потекнале од овој град, дури во дворот на Марија Терезија во австроунгарската војска генерал бил и ресенчанецот Самоил Хорват. Во турско руските војни, во руската војска генерал бил и Котларосвки. Семејството Котларовски, во кое припаѓам и јас, е дојдено од Вевчани, во 1686 година. Од вевчани тогаш емигрирал некој свештеник- поп веројатно и дошол во ресен, а во 1920 година во Русија има емигрирано семејството на  Панде Котлар.

Во оваа монографија ќе се  најдат и многу интересни податоци. За тоа дека извесен француски гроф Александар Боде, кој за време на француската револуција избегал во Русија, а за време на октомвриската револуција пребегал во Ресен, а сега семејството му живее во Охрид.

-Не сте знаеле ама првата жена- докторка на Балканот е ресенчанка Христина Вељовска. Таа во 1902 димломирала во Русија и во Лион во Франција , а за нејзините признати тези добила и златен и сребрен медал на универзитетот каде учела. Кога дошла во Ресен побарала нострификација на дипломата и од тогашен Стамбол и одговориле „анама еким јок“- „жена доктор не може да биде“. И отишла во Бугарија таму се омажила и станала Димитрова. Во Бугарија го  формирала друштвото „Горда Македонка“ и поради тоа кај бугарите не била во милост. Пред 10 години Академијата од франција побарала податоци за неа во Бугарија, а Бугарија одговориле таква лекарка во бугарија нема, ни кажа Котларовски.

Во книгата нема да биде спомнат и цар Самоил, зошто сака оваа монографија да биде строго за Ресен а не и за Преспа, која исто така има голема историја и традиција.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1