Путин се заканил: Русија може да го активира нуклеарното оружје и да го истера НАТО од своите граници


Претседателот на Русија, Владимир Путин, се заканил со нуклеарен одговор доколку НАТО продолжи да носи оружје во балтичките држави, пишува денес британскиот весник Times.

Times наведува, поведувајќи се на белешки од тајниот состанок на разузнавачи од Москва и Вашингтон, дека Путин употребил закана со нуклеарна пресметка над балтичките земји – Летонија, Литванија и Естонија – за да го натера НАТО да се повлече од границата со Русија.putin 456

Руските безбедносни податоци од минатиот месец, предупредуваат дека Путин е подготвен да одговори со употреба на сила.

Украинската криза го довела светот поблиску до нуклеарна војна од било кога до сега, наведено е во белешките од тајниот состанок.

Times наведува дека, додека Путин ја прославувал годишнината од анексијата на Крим на 18. март со појавувањето на концертот пред Кремљ, група пензионирани руски генерали седела во Торгау во Германија, со група свои американски колеги.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1