Работник на факултетот во Куманово добил куршум во грбот, а и незнаел


На 06.10.2012 година околу 16.30 часот, Н.И.(1964) од Тетово додека работел на изградба на Државен Универзитет Тетово лоциран во Куманово, забележал некаков убод во пределот на грбот, но го занемарил, по што забележал дека на маицата која ја носел на себе имал траги од крв.

На истиот му била укажана лекарска помош во КЦ-Тетово каде му била извршена хируршка интервенција и од задната страна на левото рамо поточно од мускулот му бил изваден проектил од непознат калибар од пиштолска муниција, по што е задржан на понатамошно лекување.

Наведениот проектил од пиштолска муниција ќе биде пратен до СКТ при МВР за вештачење. СВР-Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1