Родителска параноја: Швеѓаните ги следат своите деца со GPS!


Поради се позачестените киднапирања на деца во Шведска, родителите, особено оние кои живеат во големите градови, се изјасниле дека би сакале своите деца да ги следат со помош на GPS.

Во Гетеборг пред две недели исчезна деветгодишно девојче откако утрото се упатила кон школо. Полицијата заедно со голем број на волонтери се во потрага по девојчето и 17 часа подоцна девојчето е промајдено кај странец, што ги вознемири и останатите родители од населеното место.

Семејствата кои живеат во поголемите градови посебно се загрижени поради опасноста децата да им бидат киднапирани на пат кон школо, па одлучиле да ги следат со помош на GPS уреди. Компаниите кои ги продаваат овие уреди последниве месеци белеат пораст на приходот за 25 отсто.

GPS уредите се продаваат со различни големини со цел да бидат прилагодени за да може да бидат ставени во детската облека и незабележливо да праќаат сигнали од местоположбата на детето. Овие уреди станаа многу популарни и лесно се прилагодливи за примена кај деца од сите возрасти, постари лица како и кај куќни миленици.

 

 

 

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1