Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на западот за Сирија


По вчерашните убиства на високи воени претставници, сириската војска блокираше неколку делови на Дамаск. Вече пет дена жестоки битки се водат во центарот на градот. Русија и Кина дадоа вето за предлог резолуцијата за Сирија на западните земји.

Како што јавува Ројтерс, во близина на седиштето на владата во центарот на градот, се водат борби меѓу бунтовниците и сириската војска.

До заострување на пресметките со бунтовниците дошло откако ги нападнаа силите блиски на Башар ал Асад во квартот Ихлас, близу комплексот во кој се наоѓа Советот на министри.

Во вчерашните самоубиствени напади на седиштето за национална безбедност во Дамаск убиени се министерот за одбрана Дауд Рајх, шефот на кризниот штаб на Асад и зетот на претседателот Асеф Шафкат, а повеќе претставници беа повредени.

Според исказите на бунтовниците, бомбата била поставена еден ден пред состанокот во седиштето на безбедносните служби.

Овој самоубиствен атентат го разниша безбедносниот апарат на Асад, кој владее со земјата речиси четири децении.

Државните медиуми јавуваат дека безбедносните сили покренале акција во многу населени места во Дамаск и во нив убиле многу терористи.

Тенковите на сириската војска се движат кон центарот на градот, јавува опозицијата.

Немилосрдно ќе се пресметаме со вооружените терористи кои ги поддржуваат странските сили, соопштиле сириските власти.

Бунтовниците и се закануваат на телевизијата

Меѓутоа, како што јавува Би-Би-Си, големи офанзиви има и опозицијата. Бунтовниците ја предупредиле државната телевизија и радио да ги евакуираат вработените, пред да бидат нападнати.

Судири меѓу двете страни има и во внатрешноста на земјата. Според извештаите на опозицијата, најмалку 60 лица загинале во напад на сириската војска за време на погребна поворка јужно од Дамаск. Во овој инцидент силите на Асад користеле артилерија и хеликоптери.

И сириските власти и опозицијата тврдат дека вчера загинале многу луѓе, и дека вчерашниот ден бил еден од најкрвавите во 17 месечните судири.

Сириската опсерваторија зачовекови права вчера објавила дека за време на вчерашните пресметки загинале најмалку 214 лица, меѓу кои 124 цивили, 62 војници и 28 бунтовници.

Во меѓувреме во Њујорк пропадна новата резолуција на западните земји за Сирија поради ветото на Русија и Кина, во која се предвидувало на Асад да му се испрати предупредување дека режимот ќе биде симнат со сила. Јужна Африка и Пакистан биле воздржани за време на гласањето.

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија Кофи Анан смета дека на кризата во земјата потребен е одговор на меѓународната заедница.

Во резолуцијата спорно е тоа што содржи отворени закани за употреба на сила врз режимот на Дамаск, како и нејзиното врзување за Поглавјето 7 од Повелбата на Обединетите Нации, која дозволуа употреба на сила.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1