Бразилец беше уапсен на интернационалниот аеродром во Орландо, поради тоа што сакал да прошверцува 27 змии и да ги продаде во својата родна земја.
Матеус Дел Масо најпрвин ги завиткал рептилите во долен веш, а потоа ги пикнал во внатрешноста на звучник.
Тамошните власти ги откриле змиите кои не стигнале да бидат товарени во авионот. Дел Масо ги купил змиите од Националниот рептајл одгледувач Експо, во Dayton Beach во Флорида. Тој признал дека сакал да ги пренесе змиите во Бразил, каде што ќе ги продадел за сума од околу 10,000 долари. Тие ќе послужеле за комерцијални цели.
Проблемот настанал поради тоа што немал соодветно овластување за транспорт на змиите.
Дал Масо се изјаснил за виновен поради обид за да ги прошверцува змиите. Бил во затвор во округот Оринџ и бил казнет со парична казна од 6000 долари. Тој исто така бил осуден на една година условна казна и морал да го пријави своето доаѓање на американска почва, на неговиот условен надзорник во рок од 72 часа. Змиите биле однесени во непознат објект на грижа за животните. Апсењето настанало како резултат на операцијата „Snake Pit“, изведена од страна на мулти агенција. Ваквата програма има за цел да го спречи илегалниот транспорт на влекачи.