Видео: Девет дена сообраќаен застој го парализираше Пекинг


Додека наутро патувате на работа и ги колнете останатите возачи, семафорите и сообраќајните полицајци, поради застојот, во кој ни криви ни должни сте се нашле, сетете се на приказната која ќе имате можност да ја прочитате во подолниот текст.

Се работи за веројатно најдолгиот и временски и километарски сообраќаен колапс, кој што се случил во (логично) најмногубројната со луѓе, земја во светот – Кина.
Повеќе од девет дена, подолго од 100 километри, дестини илјади луѓе кои се наоѓале зад воланот во Пекинг, се заглавиле во тотален сообраќаен колапс на автопат кој се простира од внатрешноста на Монголија до југоисточниот дел на Кина.

Еден од заглавените Беј Ксиоланг, 30 годишен возач на камион, вели дека од Внатрешноста на Монголија до Тијаина, приморски град во Пекинг, а тоа е пат од околу 550 километри, му биле потребни пет дена за да стигне на посакуваната локација. Повеќето од времето го минал читајќи книѓи, праќал СМС, и спиел.
„Имаше денови кога не се поместив ниту милиметар“, вели Беј, жител на Јининг, град.

Кинеските официјални лица, објаснија, дека до овој необичен настан, дошло поради одржувањето и поправањето на автопатот, кое траело од средината на август па се до средината на септември. Во таа прилика наведоа дека товарните камиони кои пренесувале товар потежок и од осум тони, биле одговорни за оштетувањето на патот.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1