Сава утре би можела да се излее по Белград, а под вода би можеле да се најдат улиците кај Ада Циганлија и Саемот.
Сања Жугиќ, началник на управата за справување со ризик, за српски„Курир“ изјави дека Сава расте од час во час и дека најкритично ќе биде денес и утре.
– Огромни количони на вода доаѓаат. Најкритично ќе биде во Обреновец, Сремска Митровица, Белград. Тешко е да се прецизираат конкретни локации. Се очекува водостој над нивото за вонредни ситуации. Коритото на Сава ќе биде како коритото на Дунав, вели таа.
Тоа го потврди и министерот Александар Антиќ.
– Србија во наредните денови ја очекува серизона драма со Сава. Ќе ја браниме Србија од Сава.