Британски експерти бараат светска забрана на „диклофенок“ затоа што го зголемува ризикот од инфаркт и шлог за 50%
„Диклофенак“ е лек кои луѓето го набавуваат кога имаат реуматски тегоби, проблеми со артисот и моментални болки, но британските научници тврдат дека овој лек речиси за 50% го зголемува ризикот од инфаркт и шлог и затоа бараат негова забрана. Лекарите тврдат дека истиот е штетен ако се зема на своја рака.
Научници од Лондонскиот медицински и стоматолошки факултет, тврдат дека постојат лекови кои претставуваат безбедна алтернатива за „диклофенок“ и бараат овој медикамент да се забрани во целиот свет.
„Диклофенок“ како и „ибупрофен“ е нестероиден антинфламаторен лек, односно „NSAID“, и често се препишува по хирушки интервенции или против болки, предизвикани од артритис, доколку делувањето на „ибупрофен“ не е доволно силно. Во аптеките може да се купи без рецепт, меѓу останатото и како „волтарен“.
Уште пред две години, истражувачите востановиле дека „диклофенакот“ го зголемува ризикот од инфаркт и шлог за 40%, додека другата студија, објавена 2011 година, констатирала дека употребата на диколофенакот дури четрикратно го зголемува ризикот од смрт од срцев удар. Овие налози се објавени во стручниото списание „PLoS Medicine“.
Годишно се препишуваат милион рецепти, а уште толку луѓе го набавуваат и земаат на своја рака.
„Диклофенакот“, уште се наоѓа на листата на неопходни лекови во 74 земји. Лекот е во употреба толку долго, да луѓето просто не веруваат дека може да биде штетен, а тврдат дека неговото корисно дејство како аналгетик ја надминува евентуалната штета која ја нанесува.
„И кај нас „диклфенакот“ може да се набави во аптеките без лекарски рецепт, иако овој лек најчесто предизвикува проблеми со желудникот, па се случува да одреден процент луѓе завршат во Ургентниот центар поради чир, настанат од прекумерна употреба на овој лек“, објаснува доктор Милица Николиќ Урошевиќ, специјалист по општа медицина во здраствениот дом „Врачар“.
Доколку на некои од пациентите му е потребна терапија на диклофенакот, доктор Николиќ Урошевиќ, вели дека лекарот прво мора да се запознае со здраствената состојба, дали има повисок крвен притисок, проблеми со бубрезите и други тегоби.
„Тогаш проценувам дека навистина е потребно да се препише овој лек, или може тегобите да поминат со некои други полесни лекови. Доколку пациентот пие „диклофенек“, тогаш мора да се корегира терапијата за регулирање на крвниот притисок“, вели лекарот.
Слични тегоби можат да предизвикаат и други лекови од групата на нестероидни антинфаламторних лекови.
Доктор Бранко Сбутег, ортопедот од Институтот за ортопедски хируршки болести „Банјица“, вели дека штетноста на дејството на диклофенакот не е новост.
„Одамна е познато дека сите лекови од оваа група на антиреуматик, а не само „диклофенак“, можат да му наштетат на здравјето. Но, проблемот е што ние сакаме сами да бидеме свои лекари, по што голем број на луѓе го земаат овој лек без совет и стручен надзор.
Познат ми е случајот на крварење кој може да биде предизвикано од овој лек. Може да дојде до оштетување на црниот дроб, чир на желудникот, импотенција кај мажите, доколку лекот се зема без контрола“, тврди доктор Сбутег.
Проблемот е во тоа што лекот го препишуваат за хронични состојби то подразбира долготрајно лечење. Затоа се препорачува овие лекови да се земаат на што пократок период, во најмала доза која што ја ублажува болката, а никако како редовна терапија подолг период.
„Постојат и замена за терапијата диклофенакомот, која не е толку штетна. Но, тоа мора да го одредат стручни луѓе“, предупредува доктор Сбутег.
Поврзани вести
НАЛЕПНИЦИТЕ НА ОВОШЈЕТО ИМААТ ЗНАЧЕЊЕ – ЕВЕ КОЈ СЕ ГМО, А КОЈ ЗДРАВИ ОЗНАКИ
ГО ЧУВАТЕ ТЕЛЕФОНОТ ВО ЏЕБ? – ГИ УБИВАТЕ СПЕРМАТОЗОИДИТЕ (ВИДЕО)
ПО МЛЕКОТО И ТУНАТА – ЕВЕ ШТО ВО ПРОДАВНИЦИТЕ Е ОПАСНО – ЛИСТА НА РИЗИЧНИ ПРОИЗВОДИ
СИМБОЛИТЕ НА ПЛАСТИЧНИТЕ ШИШИЊА – КОИ СЕ ОПАСНИ, КОИ НЕ – ЛИСТА
ЛИСТА КОИ ПАРФЕМИ СЕ ШТЕТНИ – ВО СКАПИТЕ ИМАЛО ПОВЕЌЕ ОТРОВИ ОТКОЛКУ ВО ЕВТИНИТЕ
ЕВЕ СО ШТО ПОЛНАТ МАКЕДОНСКИТЕ САЛАМИ (ВИДЕО)
8 КАНЦЕРОГЕНИ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСФРЛИТЕ ОД ДОМА
АЛАРМАНТНО: МОДАТА ВЕ ЧИНИ ЗДРАВЈЕ – ОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ НАЈДЕНИ ВО ПОЗНАТИ МАРКИ ОБЛЕКА