Претпладнево пожар во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид.
Пожарот избувнал во пералната и се проширил. Според информациите целосно изгореле двете перални и голема количина постелнина.
Причинета е материјална штета, но нема повредени лица. Веднаш интервенирала противпожарната бригада, која со три возила целосно го локализирала пожарот.
Фото – inpress