Сега ќе немате мир од шефовите и кога се на одмор


Во Мајкрoсофт се работи на робот кој што ќе биде особено интересен за шефовите на компаниите, кои што и во периодот додека се на некоја плажа, ќе можат да ги надгледуваат своите вработени, дали си ги завршуваат работните задачи.

На ваквиот нов изум работат повеќе од 850 истражувачи кои што имаат намера да ги поместат границите на знаењето и технологијата.

Еден од таквите занимливи производи на кои што истражувачите во Мајкрсофт работат е робот кој што на луѓето ќе им овозможи во исто време да бидат на две различни места. Овој робот на себе има инсталирано камера, HD екран и преку интернет е управуван од личност која што може да се наоѓа во било кој дел од светот. Потребно е само, управувач, веб камера и интернет врска.
Ваквиот робот би можел да им биде во корист на (параноичните) шефови на компании, кои на овој начин би можеле да ги надгледуваат работите што се случуваат на работното место и кога тие не се наоѓаат таму. Кога шефот ќе замине на годишен одмор, тој може да постави еден таков робот кој што ќе ја надгледува фирмата, ќе гледа, ќе слуша тоа што вработените го работат и зборуваат, а истиот може да го управува директно од некоја плажа.

Со оглед на тоа што доаѓа со вградена камера, личноста која што ќе го управува на својот управувач ќе може да види што прикажува камерата, а неговото лице ќе се прикаже на екранот кој што се наоѓа на самиот робот. Ваквиот робот веројатно би ги деморализирал вработените, кој веќе не би можеле да се опуштат и не би имале мир од шефовите ниту кога се на годишен одмор.

Се разбира ова е само еден од примерите за кои би се можело да се искористат овие роботи. Една од бројните други можност е да овој робот може да ги замени луѓето на состаноците и така да им заштеди и време и пари, а би можел да ги замени и учениците кои што се болни и не можат да присуствуваат на наставата во школо.
Во моментов не е познато дали Мајкрософт со овој проект ќе оди до крај и ќе започне со негова комерцијална примена. Дел од светските медиуми веќе излегоа со информации дека постои компанија која излегла на пазарот со вакво ршение, како „Anybots“. Цената на нивните роботи во кои што веќе има инсталирано камера и екран изнесува 10,000 долари.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1