„ На трибините секогаш ривали, но никогаш душмани. Издржи, Битола е со тебе“ вака навивачите од Битола порачаа и му посакаа брзо закрепнување на тешко повреденото момче кое по инцидентот на стадионот и хоспитализирањето во клиниката во Битола каде му беше укажана лекарна помош, беше транспортиран на клиниките во Скопје.
По инцидентот на трибините на навивачите на Вардар, скопските Комити, токму Чкембарите биле првите кои пристигнале во болница каде што биле скопјани и им однеле вода и храна.
Информациите ги потврдуваат и од двата навивачки табори.
Очигледно е дека несреќните случаи ги зближуваат навивачите до тој степен да го заборават огромното ривалство меѓу себе и да си помогнат кога си требаат еден на друг.
Меѓу навивачите оваа информација е пречекана со восхит.
ВИДЕО: Камерата на ТВ Алфа го сними инцидентот на трибината на Комити во Битола
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Навивачот на Вардар мавта за помош со скината рака