Секогаш ривали, но никогаш душмани – на повредениот Комита му помогнаа Чкембари (Фото)


„ На трибините секогаш ривали, но никогаш душмани. Издржи, Битола е со тебе“ вака навивачите од Битола порачаа и му посакаа брзо закрепнување на тешко повреденото момче кое по инцидентот на стадионот и хоспитализирањето во клиниката во Битола каде му беше укажана лекарна помош, беше транспортиран на клиниките во Скопје.

navivaciПо инцидентот на трибините на навивачите на Вардар, скопските Комити, токму Чкембарите биле првите кои пристигнале во болница каде што биле скопјани и им однеле вода и храна.

Информациите ги потврдуваат и од двата навивачки табори.

Очигледно е дека несреќните случаи ги зближуваат навивачите до тој степен да го заборават огромното ривалство меѓу себе и да си помогнат кога си требаат еден на друг.

Меѓу навивачите оваа информација е пречекана со восхит.

ВИДЕО: Камерата на ТВ Алфа го сними инцидентот на трибината на Комити во Битола

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Навивачот на Вардар мавта за помош со скината рака

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1