Секој има ангел чувар – Еве кој е твојот ангел чувар според датата на раѓање


Секој од нас има свој ангел чувар. Оние кои се родени на црковни празници сметаат дека знаат кој е тој. Вистината е дека ангелите и архангелите се тесно поврзани со хороскопските знаци и планетарните енергии во нашиот Сончев систем. Погледнете кое ангелче бдее над вас според хороскопскиот знак:

1117-660x300

Ангелот на луѓето родени во знакот на Овен се нарекува Баракиел. Тој помага на луѓето да се справуваат полесно со препреките на кои налетуваат во текот на животот, им дава надеж и вера со што ги прави оптимисти.

Ангелот на знакот Бик е Аматиел – покровител на новиот почеток и промени во животот. Дава храброст да се борите за она што го сакате, до крај.

Родените во знакот на Близнаци ги штити ангелот Бахрам. Тоа е ангелот на победата. Според легендите, ако се молите на ангелот Бахрам, тој ќе ве направи посилни и ќе ви помогне да ги остварите сите ваши желби.

Чувствителниот Рак кој има голема потреба од внимание и емоции е под крилата на Дина – агелот кој ве штити од злонамерни и безчувствителни особи, кои можат да го скршат вашето срце.

Ангелот на Лавот се вика Акварел. Тој ги дарува родените во овој знак со духовна мудрост, бистар ум и силна интуиција, што треба да ја слушаат секогаш.

Девиците ги штити ангелот Кадмиел – ангелот на Судбината, кој секогаш е спремен да помогне, доколку го повикате.

Angel_PretoriaАнгелот Барчиел е покровителот на Вагите. Тој им дава на луѓето родени во овој знак внатрешна сила за да се соочат со тешкотиите во животот, да надминат се што им стои на патот и да ги исполнат своите соништа во кои мора да веруваат.

Ангелот на Шкорпијата е Габриел. Тоа е најсилниот од сите ангели. Тој помага секогаш кога се неоходни кардинални промени во вашиот живот и создава реални услови за големи успеси.

Сариел е ангелот на Стрелецот кој секогаш кога ќе го повикате ќе ви покаже кој е вистинскиот пат за вас. Вие длабоко во себе знаете што треба да се прави, само треба да го ослободите својот ум и да се препуштите на внатрешниот глас и тивкиот шепот на вашиот ангел, што ќе го слушнете со срцето.

Ангелот заштитник на Јарецот е Камбиел. Тој ќе ви даде сила да го постигнете она за кое сте мислеле дека е невозможно. Вашите соништа се реални. Од вас се очекува да го направите само првиот чекор.

Катател е заштитник на Водолијата. Шансите се наоѓаат на секој чекор од вашиот пат, само понекогаш вие не го гледате тоа. Побарајте од вашиот ангел да ви го покаже вистинскиот пат.

Рибите се под крилата на ангелот Егалмиел. Тој им помага да се чувствуваат самоуверени и да веруваат во силата на својата личност која ги води кон голем личен успех.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1