Сексот го продолжува животниот век, ве прави попаметен, спречува депресија


1. Го намалува крвниот притисок. 2. Го зајакнува имунитетот. 3. Согорува калории. 4. Го подобрува кариоваскуларниот систем. 5. Ја зголемува самодовербата. 6. Ја зголемува интимноста. 7. Ја намалува болката. 8. Го намалува ризикот од рак на простата. 9. Го спречува ризикот од инконтиненција. 10. Го подобрува спиењето.


Истражувачи во Квинс Универзитетот во Белфаст извршиле испитување на 1000 просечно возрасни мажи во период од 10 години и откриле дека оние кои што доживеале високи фреквенции на оргазам, живееле двапати подолго, од оние кои што не го доживеало ваквото задоволство.

Повеќе секс значи подолг живот за мажите. Исто така и жените живеат подолг период кога се сексуално задоволени.

Една британска студија утврдила дека мажите кои што доживеале три пати оргазам во текот на една недела имаат 50 проценти помалку шанси да добијат срцев удар, затоа што организмот го ослободува хормонот DHEA (dehydroepiandrosterone).

Почестиот секс може да биде во корист на здравјето кај мажите со тоа што го зголемува тестостеронот, кој е поврзан со зацврстување на мускулната маса и добивање на поголема енергија.

Друга британска студија покажала дека мажите кои имале секс помалку од еднаш во месецот, е многу веројатно да умрат во следните десет години, отколку оние кои што имале секс еднаш неделно.

Жените пак кои уживале во сексуалниот живот живееле за седум до осум години подолго од оние кои што биле рамнодушни.


Возрасните кои водат љубов наутро во текот на денот имаат посилен имунолошки систем. Тие исто така се и поздрави, но и посреќни од оние кои што на пример ќе се одлучат за чаша чај или пак тост, пред да излезат надвор. Го подобрува квалитетот на нивната коса, кожа, ноктите.

Една студија покажала дека со три пати неделно, сексот може да те направи попаметен и да предизвика развој во мозокот.
Некои студии покажуваат дека во спермата има одреден вид на хемиски својства кои што ја подобруваат интелегенцијата и расположението.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1