Сексот со пријател e ризичен! Лесно може да се вљубите



Сексуалните  односи со пријател и пријателка во главно завршуват ризично, со проблеми, ова го покажале резултите од  една студија направена врз млади студенти од Michigan State University.
Најголемиот проблем во сексот со пријатели се состои во тоа што може да се вљуби во другиот партнер и да создаде хаос во двата живота, нешто што велат двајцата научници е пример во секоја втора пријателска врска.
Оваа студија спроведена врз млади студенти, покажува дека ниту една пријателска врска  не е иста по првиот секс, затоа се вели во студијата треба внимателно да се анализира пред да се впуштите во некоја ваква авантура.

Во „ризичната„ категорија на луѓе спаѓаат соседи/сосетки, колеги/колешки како и  салоните за масажа.

Младите често се впуштаат во авантури со пријатели – посигурно е, се познаваат, партнерот има доверба во нив и полесно е да се одржуваат средбите. Но сепак оние кој зборувале од свое искуство велат дека ретко оваа авантура завршува мирно. Или на крајот завршуваат заедно или пак се караат за цел живот откако ќе си ги уништат постојните врски со испадите на онаа страна која се вљубила.

10 проценти од анкетираните студенти се изјасниле дека една  врска започната како игра завршува со веридба, 33 продолжуваат со „пријателските секс игри„ додека 25 проценти се изјасниле дека секс и пријателство не одат.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1