Сексуално однесување и алкохолизам


Проучувањето на сексуалноста се уште е табу тема. Истражувањето на сексуалноста започнало од откривање на пореметувањата и абнормалностите и денеска е многу полесно да се одреди девијацијата на сексуалното однесување отколку содржината на нормалните сексуални активности.

Нормалниот сексуален нагон е условен од страна на анатомскиот и физиолошкиот интегритет на мозокот и функциите на сексуалните центри. Модификациите или слабеењата на сексуалниот нагон често се последица на физиолошки фактори од кои што најчести се : злоупотреба на психоактивни супстанци, депресија и стресни состојби.

Сексуално однесување кај алкохоличари

Поврзувањето на двете области (алкохолизам и сексуалност) е централната тема на оваа статија. Во научните трудови, многу малку е истражувана оваа врска. Доминантен предмет на интересирањето биле сексуалните дисфункции кои што се јавуваат како последица на алкохолизмот или пак агресивното однесување кое настанува при конзумацијата на алкохол. Тргнувајќи од тезата дека сексуалноста претставува сложен феномен кој што не може да се сведе само на фреквенцијата на сексуалните односи или бројот на партнери, туку сексуалната желба или сексуалниот нагон се гледа преку различните сексуални активности и доживувања, претставен е аспект на нормалното однесување на зависниците од алкохол.

За задоволително или адекватно сексуално функционирање неопходно е личноста да биде здрава и да води определен начин на живот. Кај алкохоличарите имаме значајни промени на овие два фактори. Покрај еректилните пореметувања или тешкотиите во гениталниот одговор, имаме и промени во емоционалната компонента односно степенот на интимноста со партнерот.

Со текот на времето, човекот на својата сексуалност и ја има додадено љубовта, приврзаноста, блискоста и почитувањето. Љубовната предигра, чувствата за време на сексуалната активност и конкретните сексуални однесувања не се присутни кај хроничните алкохоличари.

Ти почесто се самозадоволуваат и лесно можат да доживеат оргазам при сонување на сексуални содржини. Потребите за остварување на сексуален контакт се поголеми од оние кои што вистински ги имаат, но на планот на нивна реализација се малку успешни, коитус често не се остварува. Алкохолот предизвикува пречки во сексуалните односи, нивната фреквенција е намалена, односите кратко траат и не се пратени со чувства.

Во однос на личноста, се потврдува познатата слика на алкохоличарот како недоверлива, неискрена и себична личност, неефикасна и некритична, егоцентрична и неистрајна, склона кон негативни емоции и емоционална нестабилност.

Сексуалноста подразбира потреба за размена и блискост и на телесен и на емотивен план, нешто што не постои кај алкохоличарите

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1