Семејството и пријателите се простија од манекенката, на погребот присуствувала и мајката на убиецот


Владислава Червенко (25) денеска била погребана во 13 и 30 цасот во Нови Сад.
Од несреќната девојка се пристија членовите од семејството и бројни пријатели, а како што јавуваат тамошните медиуми на погребот присуствувала и мајката на Даријан Мусиќ (25), осомничен за убиството на манекенката.

Убиецот денеска бил приведен во 11 часот и одведен на сослушување кај истражниот судија Мирослав Алимпиќ. Иако на полицијата и го признал убиството и до детали им го опишал злосторството, Мусиќ не ја изнесол својата одбрана пред судијата.

Во судот бил донесен со врзани раце со лисици, а го носеле шест вооружени полицајци. Кратко по влегувањето во судницата, осомничениот излегол со својот адвокат Владимир Џуричиќ поради консултација.

Потоа, адвокатот влегол во судницата. Полицијата потоа го притиснала Мушиќ со главата до ѕид во ходникот и чекал 15 минути судијата повторно да го повика. Сослушувањето траело 40 минути, а адвокатот изјавил дека Мушиќ не ја изнесол својата одбрана.

– Мојот клиент не е во добра психичка состојба за да ја изнесе својата одбрана. Јас ќе го застапувам и понатаму, изјавил Џуричиќ.

Во потрагата по убиецот биле вклучени и словенците и хрватите

Веднаш откако била објавена фотографијата на Даријан Мушиќ, убиецот на новосадската манекенка Владислава Червенко, новосадската полиција се јавила кај повеќе од сто луѓе кои сакале да помогнат во откривање на идентитетот на убиецот. Многу повици стигнале од соседните земји.

– Ѕвонеа луѓе од Словенија, Хрватска… Пријавуваа дека можеби го виделе токму убиецот или некој кој многу личи на него. Сите ги потреси ова злосторство и сите сакале да помогнат. Иако овие информации нам не ни помогнаа многу, сакаме да им се заблагодариме на сите која нас ни се јавија, како и на медиумите кои помогнаа веста за потрагата брзо да се прошири, вели Саша Барјактаровиќ, шеф на Отсекот за спречување на општ криминал во Полициската управа во Нови Сад.

 

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1