Шест годишно девојче е најмладата жртва на „Џокер“


Истражните органи ги идентификуваа телата на жртвите од нападот на Џејмс Холмс за време на премиерата на новото продолжение на филмот „Бетмен“ во Аурора, јавува CNN.

За време на нападот убиени беа 12, а потешко ранети 58 лица. Најстарата жртва имала 51 година а најмладата само 6.

Американскиот претседател Барак Обама денеска го посети градот Аурора, каде се сретна со семејствата на жртвите и со раководните лица на локалните власти.

Полицијата синоќа успеа да влезе во станот на убиецот Џејмс Холмс и да ги деактивира сите експлозивни направи. На полицијата и помогнаа експертите на ФБИ, бидејќи станот бил преполн со смртоносни замки. Во станот се пронајдени околу 30 експлозивни направи кои биле рачно направени. Според неофицијални информации, елиминирањето на првата бомба предизвикала деактивација на сите смртоносни замки кои биле поставени во станот.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1