Шилегов: Постојат индиции за криминал во ,,Дрисла“ и сомнеж дека се гори радиоактивен отпад


Постојат сериозни индиции за огромна криминална активност и за сериозна кривична одговорност на многу лица со работењето на ,, Дрисла’, севкупното работење, но и со загадувањето на Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов во интервју за ТВ24.

Италијанскиот стратешки партнер во ,,Дрисла“ е 80 проценти сопственик, градот е 20 посто сопственик и тоа со одлука на претходниот Совет на Град Скопје. Но, според фактичката состојба , капиталот на градот, според сите вложувања е 2.000.000 евра, а фирмата на стратешкиот партнер тежи 10.000 евра. Зголемување на сопственоста тебала да се зголемува согласно вложувањата, но според досегашните сознанија, тоа не е случај. Шилегов во интервјуто за ТВ24 зборуваше и за загадувањето предизвикано и од ,,Дрисла“, вклучително и согорувањето на увезен отпад.

Постојат шпекулации дека има радиоактивен отпад и е дел на анализа на повеќе институции. Проблемот со ,,Дрисла“ ќе биде решен многу бргу. Се истражува и финансиксото работење, но и дали и кој, и како го труел во изминатите години Скопје-рече Петре Шилегов , градоначалник на Скопје во интервју за ТВ 24.

По изјавите дека на градската депонија Дрисла се горело радиоактиве отпад Градначанкиот Петре Шилегов вара трпение и време за да излезе со целосна анализа

На новинарско прашање за состојбата со депонијата Дрисла и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад, Шилегов побара трпение од скопјани и потсети дека помалку од еден месец е на функцијата градоначалник.

– Во текот на вчерашниот ден кажав уште малку трпение како град и како институции, набргу ќе излеземе со целосна анализа за состојбата во Дрисла, рече Шилегов.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1