Шкендија испадна со гол од центар



Шкендија не успеа да ја мине првата препрека во настапите во Лига Европа, по претрпениот пораз со 2:1, во реваншот со претставникот на Северна Ирска екипата на Портдаун.

Одиграните 0:0 пред една недела на стадионот во Куманово и поразот, со пресврт, на Шамрок Парк, го исфрли македонскиот претставник уште во првото квалификациско коло од европското натпреварување. И покрај лесната ждрепка во Нион, македонскиот претставник разочара и дозволи да биде елиминиран уште во раната фаза, од тим кој што 38 години немал победа во европските купови. Последен пат Портдаун триумфирал во 1974 година, кога беше подобар од исландски Валур.

Македонскиот претставник фуриозно го започна натпреварот, по што стигна и водството уште во четврата минута со погодокот на Цицули. „Црвено црните“ во преостанатиот дел од мечот како однапред да го отпишаа противникот, со што дојде до опуштање во нивните редови, а како кобни се покажаа вторите 45 минути во кои дојде до целосен пад во играта. Ваквиот приод на тетовчани го искористи најпрвин Леки во 58-та минута, а потоа и Редман во 80-та минута од слободен удар. Да биде разочарувањето поголемо дефанзивниот фудбалер го изведе ударот од речиси половина терен и успеа да го совлада Хадис Леви и да му овозможи на својот тим да стигне до целосен пресврт.

Шкендија не успеа да се избори за двомеч во второто коло со хрватскиот претставник Славен Белупо. По раната елиминација на Шкендија, единствени македонски претставници, во натпреварувањата во Лига Европа, остануваат Металург и Ренова.

Share Button

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1