Што останува по Олимпијадата?


Олимписките игри веќе одамна не го означуваат само спортското натпреварување. Градовите или религиите, во кои истите се одржуваат, често донеле и социјални и господарски бенефит. Но, понекогаш по Олимпијадата не останува нешто позначително.

Лежејќи денеска во 2012 година, на главната градска плажа во Барселона, или минувајќи низ шеталиштето, тешко дека некој ќе може да замисли дека некогаш, низ ова место минувале шини и канализациска цевка.

Исто така порано не беше возможно да се замисли ни капење во морето, поради едноставна причина: целата отпадна вода од каталонската метропола се исфрлаше во Средоземното море. Но, тогаш беше 1992 година. Барселона го презеде домаќинлукот на Олимписките игри и се се смени преку ноќ.

Олимпијадата на Барселона и донесе преобразба и напредок. Но, тоа не беше случај со сите домаќини на Олимписките игри и прашање е дали тоа ќе биде случај и со Лондон, домаќин на 30 Олимписки игри.

Градот си го поврати морето

„Барселона го имаше најлошиот можен имиџ кој можеше да се замисли, се присетува урбаниот архитект Хуан Бускетс, кој беше одговорен за урбанистичкиот дел во рамки за подготовките на Олимписките игри во Барселона 1992 година. Една од најважните идеи беше градот повторно да се овори кон морето, од кое беше отсечен. Истовремено беше изградено и Олимиското село, кое што беше така конципирано, па по заминувањето на спортистите, на истото место се населиле семејства од средната класа. Олимпијадата во Барселона беше причина за изградба на неколку архитектонски објекти кои што до ден денес ги привлекуваат туристите од целиот свет. Се разбира дека Барселона и претходно ги привлекуваше со своите претходно изградени архитектонски градби, како што е примерот со олимпискиот стадион „Lluis Companys“, кој е изграден уште во 30-те години на минатиот век, кога Барселона се подготвуваше да стане домаќин на игрите во 1936 година.

Свадби во салите со базени

Успешниот градежен концепт се засноваше на децентралното сместување на важните проекти по површината на целиот град. Градските власти на Лондон, напротив се одлучија за централно сместување на олимпискиот содржај и пропатните објекти.

Така на подрачјето на еден округ, Стратфорд во четврт „Ист Енд“, никнаа сите олимписки содржини. Според зборовите на организаторот, се што овде се случува е во корист на граѓаните. Развојниот план кој требал да се реализира веќе 40 години ќе се изврши со забрзано темпо во наредните неколку месеци. Она што ќе се добие по Олимпијадата, од самиот почеток на игрите има одлучувачка улога во конципирање на овој дел од градот, кој што уште од Средниот век, претставува симбол за проституција, сиромашни квартови и загаден воздух. Една од причините заради кои што Лондон го доби правото за одржување на игрите, е да извлече некаков ќар за граѓаните и по завршувањето на Олимпијадата. Откако од некогашните идустриски квартови ќе се отстранат тоните загаден ѓубре, ќе се изградат објекти кои што, како што се надеваат организаторите, ќе бидат користени и од сегашните, но и од идните жители. Некои од објектите се конципирани така што ќе можат лесно да се размонтираат и да се постават на друго место, а некои, како местата за водните спортови, како што вели архитектот Зах Хадид, ќе бидат пренаменети во мултифункционални места. Така на пример, во некои од салите со базени ќе можат да се одржуваат свадби или други видови на свечености.

Што ќе им остане на мештаните по Олимпијадата?

Но, кај мештаните одушевувањето од Олимијадата е во значителен пад. Во медиумите веќе на големо се зборува за „Олимписка лага“. Многумина веруваат дека повеќе нема да го имаат оној живот во „Ист Енд“, како пред изградбата на објектите за Олимпијадата.

Исто така се говори за моќта на владините набавки, како и стравувањата на малите фирми дека сообраќајниот хаос што владее низ овој дел од градот им ги уништува бизнисите. Расположението на мештаните, најдобро го опишува еден графит кој што веќе неколку месци го краси подрачјето во Стратфорд, „Овде секој ја мрази Олимпијадата“. Можеби расположението ќе се поправи доколку се исполни ветувањето на организаторите, дека во иднина градот ќе има корист од Олимпијадата.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1