Штрајк на летачкиот персонал на Луфтханза


Луфтханза  се закани дека ќе штрајкува. Како што соопштиле од синдикаотот на најголемата авиокомпанија неговите членови ќе стапат во штрајк поради тоа што не успеале да се договорат за платите и условите за работа во компанијата.

 

Николај Баублис, претседателот на синдикатот за медиумите изјавил дека во четврток персоналот на компанијата целосно ќе ја прекине работата  и тоа неколку часа. Но не се знае кога точно односно во колку часот ќе започне штрајкот.

Се очекува штрајкот на сите германски аеродроми да предизвика задоцнување или откажување на летови на Луфтханза.

Баублис информираше дека работниците на аеродромите вон Германија нема да штрајкуваат, но предупреди дека штрајкот ќе се почувствува и во другите држави, бидејќи патниците нема да можат да се качат на авион, кој претходно треба да долета од Германија.

Сепак доколку не се реши состојбата во компанијата се предивуваат огромни загуби поради престанок на работата на персоналот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1