Си нарачал мобилен телефон на интернет – добил дрво


drvo

59 годишниот Мирко П. од Славонски Брод наместо нарачаниот мобилен телефон добил само парче дрво.

На една од страниците за огласи забележал дека се продава смартфон по цена од 5.000 куни.

Цената по која жителката на Задар го продавала телефонот му изгледала прифатлива па стапил во контакт преку и-меил адреса. По неколку дена телефонот пристигнал, Мирко уредно го платил, но кога го отворил го чекало вистинско изненадување.

Наместо мобилниот телефон во пакувањето имало парче дрво.

Мирко сето тоа уредно го пријавил во полиција и сега се чека разрешница на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1